По повеќе од четири часа во воздух, слета киднапираниот авион, а пилотот идентификуван како Кори Патерсон е приведен.

Тој  од аеродромот во Тупело, Мисисипи одзеде авион „Бичкрафт кинг ер 90“ (Beechcraft King Air 90), и се закануваше дека ќе се урне врз трговскиот центар „Волмарт“ (Walmart).

Мотивите за киднапирање на авионот сè уште се непознати.

Во тек е истрага за инцидентот

Дваесет и деветгодишен маж  со мал авион кружи над „Волмарт“ (Walmart) во градот Тупело во американската сојузна држава Мисисипи и се заканува дека ќе се урне над трговскиот центар.

Според локалните медиуми, со авионот управува наводно вработен на аеродромот во Тупело.

Исто така, медиумите објавија дека киднапираниот авион е „Бичкрафт кинг ер 90“ (Beechcraft King Air 90), со два мотора, кој може да прими девет патници

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.