Слободните медиуми се гарант на демократијата и затоа императив е да направиме се за да го поддржиме непристрасното, објективното и точното новинарство како клучно за движење низ глобалните кризи, оцени претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
– Додека новинарите продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за работа, ЕУ мора да продолжи да ја игра својата улога во заштитата на слободата на медиумите и плурализмот, наведе Мишел во објава на платформата Икс по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.
Во март годинава ЕУ донесе Европски закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.