Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нивните објекти повторно бил нападнат од израелската војска, јави ДПА.

Мировниците кои биле на дежурство во градот Деира набљудувале израелски војници, кои откако виделе дека се набљудувани, отвориле оган. Во друг инцидент во средата, медицински тимови биле нападнати при трансфер на пациент.

УНИФИЛ истакна дека ситуацијата во регионот ескалира, но дека мисијата продолжува со својата задача.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите актери да ја обезбедат безбедноста на персоналот на ОН,“ се вели во изјавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.