Министрите за надворешни работи на Европската унија поддржаа цивилна мисија за поддршка на Молдавија во нејзината борба против кибер нападите и пошироките напори за поттикнување немири во земјата.

„По сеопфатната инвазија на Украина, ЕУ беше сведок на „зголемени и континуирани руски обиди да ја дестабилизира Молдавија со хибридни акции“, рече шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Мисијата има за цел да и помогне на Молдавија во борбата против странското мешање и манипулација со информации и во изградбата на систем за откривање и одговор на субверзивни закани.

Мисијата со седиште во Молдавија има мандат од две години, но шеф на теренските операции на мисијата сè уште не е назначен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.