Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, денеска, на седницата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на приоритетите на унгарското претседателство, го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан.
Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока, на седницата, на која ги презентира приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ.
Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, балансирано и веродостојно. Набргу доаѓа пакетот за проширување. Ги разгледавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.