Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое Сон Хуи, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација од утре до 17 јануари, објави севернокорејската новинска агенција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го потврди доаѓањето на севернокорејската делегација со која ќе разговара шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Ја очекуваме севернокорејска делегација во Москва. Планирани се преговори со Сергеј Лавров“, рече Захарова.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во септември минатата годинаја ја посети Русија и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.