Милиони луѓе во Украина се соочуваат со прекин на електричната енергија поради руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура, а владата ги повикува цивилите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и да не користат апарати за домаќинство, како што се печки и машини за перење, пишува Ројтерс.

Премиерот Денис Шмихал рече дека Украинците доброволно ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во просек за 10 отсто по руските напади во понеделникот и ги повика да ја ограничат употребата на електрична енергија денеска од 17 до 23 часот по локално време.

Обединети сме и ќе бидеме силни“, напиша тој на Телеграм.

„Ве молиме, не вклучувајте апарати што трошат енергија: електрични шпорети, котлиња, електрични алати, греалки и климатизери, печки и пегли, микробранови печки, машини за кафе, машини за перење и машини за миење садови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.