Милион муслимански верници се собраа во светиот град Мека во Саудиска Арабија, со цел да учествуваат во аџилакот. Ваквата бројка аџии доаѓа окако пандемијата од корона вирусот изминатите две години значајно го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта.

Министерството за аџилак на Саудиска Арабија издаде дозволи за еден милион аџии од земјата и од странство да извршат аџилак, што почнува денеска. Станува збор за бројка помала од 2,5 милиони муслимани кои за таа намена допатуваа во 2019 година.

Од Министерството соопштија дека годинава аџилакот е за лица помлади од 65 години, целосно вакцинирани. Муслиманските верници кои доаѓаат од странство мора да ги почитуваат сите здравствени мерки на претпазливост и да имаат негативен резултат од ПЦР тест.

Лицата се избрани меѓу милиони пријавени низ систем на лотарија на интернет.

Во летото во 2020 година, аџилак можеа да извршат само илјада верници.

Аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман е должен барем еднаш во животот да отиде на аџилак.

Аџилакот се состои од патување во Мека, пристигнување и чествување на аџилакот, што вклучува девет основни обреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.