Пет месеци откако Американците го напуштија Авганистан, речиси 300 животни кои останаа во Кабул, најпосле се ставени во изнајмен руски транспортен авион Иљушин-76, кој во неделата полета од Кабул, а денеска ќе слета во Ванкувер, Канада.
Станува збор за 156 кучиња и 133 мачиња.
Животните требаше да бидат транспортирани во САД, но тоа не можеше да се реализира, бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести го ставија Авганистан на листата на земји со висок ризик, кога станува збор за увоз на кучиња. Па така, Канада стана крајната дестинација.
Голем број американски и други западни дипломати ги оставија своите миленичиња во Авганистан, кога во август, минатата година, го напуштија Кабул, а не можеа да ги земат со себе. За нив во меѓувреме се грижеше организацијата Кабул „Смол енимал рескју“ (КСЕР).
Американската војска, исто така, ги остави своите 50 службени кучиња на аеродромот во Кабул. Официјални лица соопштија дека тие биле ослободени од нивните кафези и предадени на КСЕР. Дел од животните починале, а дел со месеци чекале на аеродромот.
Мисијата за спасување доби и кодно име „Можна мисија“ (Mission possible).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.