Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Израел.
Се очекува Мецола да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа.
Тука сме со порака за солидарност по најтешкиот терористички напад што Израел го издржал со генерации, напиша таа на социјалните мрежи.
Теророт нема да надвладее. Важно е како ќе реагираме. Можеме – мораме – да го запреме Хамас. И да направиме се што можеме за да ги ублажиме хуманитарните последици, додаде Мецола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.