Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад врз Украина со хиперсонична балистичка ракета, рече „го добивте тоа што го побаравте“.

„Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев со објавеното видео од нападот, пренесува N1.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран удар врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.

Тој објасни дека станува збор за тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.