Влијанието на Франција во Азија, Африка и Латинска Америка брзо опаѓа, а вистинските суверени држави повеќе не се плашат од диктатите на „колективниот Запад“, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација во објава на социјалните мрежи.

Тој истакна дека во светот „дојде време за меѓународна операција за отстранување на малигниот тумор од колонијалното минато“.

„Главната причина е што вистинските суверени држави веќе не се плашат од диктатите на озлогласениот „колективен Запад“. Нивните национални интереси ги надминуваат ризиците од спротивставување на санкциите. Латинска Америка, која атлантистите ја доживуваат како свој „двор“ уште од доктрината на Монро од 1823 година, категорично не прифаќа таков статус“, напиша Медведев.

Тој смета дека дел од елитите во западните земји се повеќе ги разбираат промените кои се во тек, а не само во Јужна Америка.

„Во неодамна објавениот број на францускиот магазин „L’Express“ со футуристички прогнози за вооружените сили и за надворешната политика воопшто нема ништо позитивно. Централноафриканската Република и Мали веќе без церемонија им ја покажаа вратата на француските воени контингенти, а владата на Буркина Фасо одлучи да го откаже Договорот за воена помош склучен во 1961 година. Влијанието на Петтата Република во Азија, Африка и Латинска Америка, како и сите други западни господари со преголема тежина кои ја изгубиле својата виталност и социјален ритам, се собираат како кожа“, нагласи Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.