Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, истакна дека невообичаено го радува тоа што украинскиот лидер одбива секаков вид преговори.

Како што изјави, тоа ќе доведе до конечна победа на Москва.

„Ме радува што на чело на Украина, која се распаѓа како труп, се несвесни робови: тајкуни и изгаснати кловнови, кои за се ги молат прекуокеанските господари. Многу е корисно што сите овие идиоти изнесуваат неодржлива „формула за мир“, а сите други опции за преговори ги одбиваат“, истакна Медведев, додавајќи дека е корисно што „кловнот сениор“ потпишал документ за забрана на преговорите со Русија.

Сето тоа, според него, ќе и овозможи на Русија да го заврши тоа што го започна за време на Специјалната воена операција.

„До крајот на бандеровскиот режим. До крајот на неонацистичката идеологија. До исчезнување на сите подмолни кои убија огромен број свои граѓани поради пари од Западот и да ги задоволат своите болни амбиции, нагласи Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.