Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во текот на посетата на фабриката за тенкови во сибирскиот град Омск денеска, изјави дека Москва ќе го зголеми производството на тенкови бидејќи Западот и праќа оружје на Украина.
„Како што знаете, нашиот противник моли во странство за авиони, ракети, тенкови. Како треба ние да одговориме? Во тој случај е јасно, природно е да го зголемиме производството на разно вооружување, вклучувајќи модерни тенкови“, рекол Медведев на видео-снимка објавена на „Telegram“ по посетата на фабриката.
Медведев, кој во текот на својот претседателски мандат бил доживуван како либерал, подоцна се позиционираше како еден од најрадикалните заговорници на војната во Украина, често прикажувајќи ја во апокалиптично светло во своите редовни објави на „Telegram“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.