Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, на денешниот Светскиот младински фестивал во Сочи, изјави дека Украина е дел од Русија и ја отфрли можноста за преговори со сегашното раководство во Киев.
Русија ќе продолжи со специјална воена операција додека Украина не капитулира. Еден од поранешните лидери на Украина (вториот претседател на земјата, Леонид Кучма) тогаш рече дека Украина не е Русија. Овој концепт мора да исчезне засекогаш. Украина е секако Русија, наведе Медведев пред мапата на Украина, на која земјата е прикажана без излез на море, а Русија има контрола врз нејзиниот источен и јужен дел, заедно со брегот на Црното Море.
Тој ги отфрли мировните преговори со актуелното раководство на Украина, предводено од претседателот Володимир Зеленски, потенцирајќи дека идната украинска влада ќе мора да ја препознае „новата реалност на теренот“ доколку сака да преговара.
Коментирајќи ги односите меѓу Западот и Истокот, Медведев, кој ги обвини американските специјални сили и воени советници дека водат војна против Русија. Според него односите меѓу Вашингтон и Москва се најлоши од Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.