Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев повторно и се закани на Украина.

Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија, напиша Медведев на Телеграм.

Заканите од Медведев уследија уследи откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не е подготвен да преговара со Москва додека Русија поставува ултиматуми.

Претходно, Зеленски во интервју за Си-ен-ен изјави дека сега не е подготвен да преговара со Москва.

Тоа е мојот принцип, не разговарам со тие кои поставуваат ултиматуми, изјави Зеленски, додавајќи оти Русија нема желба да преговара на конструктивен начин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.