Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо и дека операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина.
Овие санкции дефинитивно нема да сменат ништо. Тоа им е јасно дури и на неупатените во Стејт департментот. Ова се однесува на одлуката да се спроведе воената операција за заштита на Донбас – порача Медведев.
Тој нагласи дека „операцијата ќе трае се додека не се исполнат целите што ги определил рускиот претседател“.
Медведев исто така порача дека Русија ќе одговори на заплената на парични средства на руските граѓани и компаниите во странство, на начин што ќе бидат запленети парите на странците и странските компании во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.