Руско-американските односи нема да се подобрат во наредните години, па дури и децении, изјави во четвртокот заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во интервју за локалните медиуми.

„Мојата моментална позиција ми овозможува да зборувам покатегорично и поотворено отколку во други периоди“, рекол Медведев, додавајќи дека, според неговото мислење, за Русија и САД ќе биде невозможно да ги подобрат односните во годините кои доаѓаат.

Изјавил дека двете земји нема да можат да развијат нормални врски во наредните години по тоа што се случило, без оглед кој е на власт во Вашингтон.

Медведев повторил дека Москва никогаш не одбила да преговара со Киев бидејќи Украина е таа која забранува разговори, но обидите на западните земји да ја насочат Украина во таа насока останале безуспешни.

Тој рекол дека руски предуслови за такви преговори ќе бидат „признавање на резултатите од специјалната воена операција“, додавајќи дека Украина се обидува да го одложи преговарачкиот процес од страв од моментален пораз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.