Поранешниот руски претседател и премиер, а сега актуелен заменик претседател на моќниот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва мора да биде подготвена за можни агресивни акции на НАТО, пренесе Тасс.

Медведев изјави дека военото зацврстување на границите на НАТО со Русија повеќе не е само фигуративно.

Минатата недела тој го предупреди НАТО дека доколку Шведска и Финска се приклучат кон Алијансата, тогаш Русија ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината европска енклава.

Пред да ја почне инвазијата, Русија побара НАТО да се воздржи од какво било идно проширување, но војната доведе до распоредување на повеќе сили на НАТО на нејзиното источно крило



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.