Русија гозголемува производството на сите видови оружје – од тенкови и топови до високопрецизни ракети и беспилотни летала, објави заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот Телеграм профил.
Производството на оружје и специјална опрема се зголемува: од тенкови и топови до високопрецизни ракети и беспилотни летала, напиша Медведев.
Тој им се обрати и на непријателите на Русија и ги советуваше да не се надеваат дека земјата ќе остане без оружје.
Претходно, британското Министерство за одбрана во својот разузнавачки извештај наведе дека Русија продолжува да користи ирански беспилотни летала против цели низ Украина како замена за прецизното оружје со долг дострел, кое Русија го има се помалку и помалку.
Претставниците на разузнавањето велат дека таквите летала се бавни, бучни и летаат на мала височина, што ги прави лесна цел за конвенционалната воздушна одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.