Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас – напиша поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев на Твитер.
Шолц претходно објави дека Германија презела чекори за запирање на процесот на сертификација на гасоводот „Северен тек 2“, како одговор на последните чекори на Русија во Украина, со признавањето на регионите Доњецк и Луганск за независни држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.