Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека американскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, доколку победи на изборите, ќе мора да „ги почитува сите правила“ на американскиот воено-индустриски комплекс и да продолжи да го поддржува конфликтот во Украина, затоа што во спротивно ќе ја доживее судбината на убиениот американски претседател Џон Кенеди.

Уморниот Трамп, исто така, ќе биде принуден да ги почитува сите правила на системот. Тој не може да го запре конфликтот во Украина. Ниту за еден ден, ниту за три дена, ниту за три месеци. И ако навистина се обиде да го спопре конфликтот, може лесно да стане новиот Џон Фицџералд Кенеди“, рече Медведев.

Тој ги нарече флоскули фразите на Трамп за можноста да стави крај на воната за неколку дена и за поранешните добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.