Во февруари Медведев предупреди дека одлуката на Германија да ја запре сертификацијата на „Северен тек 2“ ќе предизвика вртоглаво покачување на цената на гасот во Европа.
Вртоглавата цена на гасот во Европа е забележана четврти ден по ред. Денеска достигна ниво од 4.000 долари за 1.000 кубни метри, што е рекорд на сите времиња, покажуваат податоците на берзата „ICE“ во Лондон.
Можам само да им честитам на моите далекувидни европски колеги кои успешно се бранат од подмолните Руси и од „Северен тек 2“ – рече Дмитриј Медведев.
Тој во февруари предупреди дека германската одлука за стопирање на сертификацијата на „Северен тек 2“ ќе предизвика вртоглаво покачување на цената на гасот во Европа, што деновиве се оствари. Тој рече дека гасот во Европа ќе чини 2.000 евра, а по се изгледа цената на гасот е надмината за 1.000 кубни метри.
Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас – напиша тогаш Медведев на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.