Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека доколку НАТО почне да ја снабдува Украина со противвоздушни системи Патриот, тие заедно со персоналот на НАТО веднаш ќе станат легитимна цел на руската армија.
„Ако, како што навести (генералниот секретар на НАТО, Јенс) Столтенберг, НАТО почне да ги снабдува киевските фанатици со системи за воздушна одбрана „Патриот“, тие веднаш ќе станат легитимна цел на нашите вооружени сили заедно со персоналот на НАТО.
Се надевам дека атлантските импотенти го разбираат тоа“, напиша Медведев на социјалната мрежа Телеграм, пренесува РИА Новости.
Столтенберг, по првиот ден од состаноците на министрите за надворешни работи на земјите од Алијансата во Букурешт, рече дека организацијата разговара за можноста за снабдување на вооружените сили на Украина со системи за противвоздушна одбрана Патриот.
Во исто време, Пентагон соопшти дека САД не планираат да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана во Киев, пренесува РИА Новости. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека западните земји кои го поддржуваат режимот во Киев „стануваат страни во конфликтот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.