Украинското Државно истражно биро објави дека го привеле заменик-градоначалникот Херсон под обвинение за соработка со Русија.

Весникот „Украинска правда“ го идентификуваше уапсениот како Владимир Пепел. „Службениците на ДИБ во тесна соработка со обвинителите го приведоа заменик-градоначалникот Херсон. Тој е обвинет за колаборационизам“, соопшти бирото на својот профил на Телеграм.

На уапсениот му се заканува затворска казна до 12 години доколку биде прогласен за виновен. зш/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.