Дмитриј Медведев, долгогодишен сојузник на Владимир Путин и моментално заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, на Први мај го насочи својот напад на Твитер, кој отстран една од неговите неодамнешни објави.

Во пораката тој се закани на широк спектар на цели надвор од Русија.

Во својата објава на Телеграм, поранешниот претседател и премиер на Русија напиша:

„Сериозно, можеме без Твитер. На крајот на краиштата, ова е само странска социјална мрежа која работи во интерес на американскиот естаблишмент. Ние прилично цинично ја искористивме за да ги промовираме нашите пропагандни цели“, напиша тој.

„Нашата главна задача е сосема поинаква: да им нанесеме крупен пораз на сите непријатели – нацисти, САД, нивните миленици во НАТО, вклучително и подмолната Полска и другите западни гниди. Конечно мораме да ја вратиме целата наша земја. Да го заштитиме целиот наш народ засекогаш. За тоа ќе работиме напорно. Среќен Први мај на сите!“ напиша Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.