Некои украински политичари се обидуваат да ѝ се заканат на Русија, имајќи во план напад на Крим, изјави Дмитриј Медведев.

Тој додаде дека доколку се случи вакво нешто, тогаш ќе дојде судниот ден за сите нив.

Некои возвишени, крвави кловнови периодично излегуваат со некои изјави и се обидуваат да ни се закануваат, размислувајќи за напад на Крим и слично. Во овој поглед, сакам да кажам дека е сосема очигледно дека тие ги разбираат последиците од таквите изјави. А последиците се очигледни дека доколку се случи вакво нешто, за сите нив веднаш ќе дојде судниот ден. Многу брзо и тешко. Ќе им биде многу тешко да се сокријат“, истакна Медведев.

Според него, Русија ќе биде силна ако води целосно независна надворешна политика, во спротивно земјата едноставно ќе биде распарчена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.