Заменик претседаѕелот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Твитер одговори на изјавата на францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, кој изјави дека Франција и објавила економска војна на Русија.

Медведев порача дека во историјата на човештвото економските војни честопати се претворале во вистински војни и дека не треба да се заборави на тоа кога се даваат непромислени изјави.

Некој француски министер кажа дека и објавиле економска војна на Русија. Внимавајте на изразувањето господа и не заборавајте дека во човечката историја економските војни честопати се претворале во вистински – порача Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.