Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче веле. Удрил и во неколку автомобили на аеродромот Келн-Бон на западот од земјата, јави германската новинска агенција ДПА.
Како што пишува Дојче веле, при апсењето се повредени околу пет лица, а повредени се и двајца полицајци.
Портпаролот на полицијата изјавил дека постојат индиции дека напаѓачот има психички проблеми, пренесува Дојче веле, додавајќи дека тој е префрлен во болница во Келн, каде во моментов е на анализа.
Во јавноста се уште не се познати детали за овој случај, а не е позната ниту состојбата на повредените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.