Еден полицаец загина, а двајца полицајци и еден цивил се тешко ранети кога вооружен маж отвори оган среде преполна улица во градот Фарго во американската сојузна држава Северна Дакота, соопшти полицијата.

Полицијата возвратила и го убила напаѓачот.

Инцидентот се случил во петокот попладне, а мотивот за нападот не е соопштен.

Полицијата на Фарго соопшти дека истрагата е во тек, но не ги соопштија идентитетите на полицајците и на осомничениот, во очекување на одобрението од нивните семејства, пренесува АП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.