Вооружен напаѓач вчера пукал и убил девет лица, а ранил најмалку седум во прометниот трговски центар северно од Далас, соопшти полицијата.
Напаѓачот, за кој властите веруваат дека дејствувал сам, бил убиен од офицер откако отворил оган пред продажните места во Ален, Тексас, изјави началникот на градската полиција Брајан Харви на прес-конференција.
Шефот на противпожарната служба на Ален, Џон Бојд, на истата прес-конференција рече дека неговиот оддел однел најмалку девет ранети во локалните болници, од кои две лица починале.
Медикал Сити Хелткер, кој раководи со 16 болници во областа, рече дека неговите траума центри ги лекуваат осумте ранети жртви, кои се на возраст од пет до 61 година.
Снимките покажаа дека стотици луѓе мирно го напуштаат трговскиот центар, кој се наоѓа на околу 40 километри североисточно од Далас, по избувнувањето на насилството, многумина со кренати раце додека десетици полицајци стојат на стража.
Очевидец изјавил дека напаѓачот одел по тротоарот и само пукал насекаде. На тротоарите надвор од трговскиот центар се гледа крв и бели чаршафи кои ги покриваат телата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.