Маж и жена се пронајдени мртви на улица во Хамбург во веројатен случај, што полицијата првично го третира како убиство и самоубиство.

Немаме индиции дека тоа е на некој начин поврзано со политичко насилство. Според досегашните информации, овој случај го третираме како убиство-самоубиство, но истрагата продолжува – изјави портпаролот на полицијата во овој град во северна Германија.

Претходно медиумите објавија дека од утринава во Хамбург е во тек голема полициска акција откако на улицата биле пронајдени безживотни тела на две лица со прострелни рани, наведувајќи дека неколку улици се затворени за возила и за пешаци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.