Германските политичари, но и медиумите денеска беа изненадени од сцените што се случија во Берлин, кога огромен број автомобили украсени со руски знамиња парадираа низ улиците на Берлин.
Малкумина очекуваа вакво нешто, особено ако се знаат медиумските извештаи од Европа, а особено од Германија,
Според нив, огромното мнозинство од германското населението ја осудува руската воена акција, но се чини дека реалноста на терен е поинаква и дека не сите Германци не ги делат ставовите на нивната влада.
Проруските демонстрации беа официјално насочени против дискриминацијата на луѓето од руско потекло. „Без пропаганда на училиште, заштита на луѓето што зборуваат руски, нема дискриминација“ беше мотото на парадата. Според Берлинскиот информативен центар за сообраќај (ВИЗ), прорускиот конвој автомобили тргна од градската железничка станица во Аренсфелд и заврши во градското собрание на Шпандау.
Според аналитичарите, можно е ваквиот потег на овие германски граѓани да е последица на тоа што водечките економисти и индустријалци предупредија дека стотици илјади работници може да останат без работа веќе од следната недела и дека тоа е само почеток.
Според анализите, овие луѓе сметаат дека конфронтацијата со Русија сериозно ќе го наруши животниот стандард и ќе и нанесе сериозен удар на германската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.