Извршниот директор на „Тесла инк“, Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Спејс-Икс“ се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката.

Маск, на Твитер ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и порача дека неговите компании „не се сами во тешкотиите“, цитирајќи напис во кој се вели дека конфликтот меѓу Украина и Русија ги довела цените на суровините на највисоките нивоа од 2008 година.

Руската воена акција во Украина ги зголемува цените на металите што се користат во автомобилите – од алуминиум до паладиум и висококвалитетен никел.

Иако металите сѐ уште не се предмет на санкции од Западот, некои автоделови и добавувачи се воздржуваат од руски суровини, со што се врши голем притисок врз производителите на автомобили кои и онака веќе се погодени од недостигот на проводници и од повисоките цени на енергијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.