Американскиот милијардер Илон Маск најави дека во иднина планира да се повлече од позицијата директор на Твитер и воедно изрази надеж дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели.
Во објава на социјалната мрежа Твитер, тој напиша дека планира да остане на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на пазарот, додавајќи дека за тоа ќе биде потребно извесно време.
Како што пишува „Вашингтон пост“, Маск вчера наводно испратил имејл до вработените во Твитер во која порачал дека тие мора да се обврзат на „прекувремена работа со висок интензитет“ или во спротивно да ја напуштат компанијата.
На оние кои сакаат да ја напуштат компанијата ќе им се исплати отпремнина во висина од три месеци плата, пишува американскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.