Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров синоќа му порача на Киев дека нема потреба да го ставаат на списокот на барани лица и да распишуваат потерница, нагласувајќи дека ќе сам ќе дошол.

„Господа од СБУ, одредете го местото и времето, ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства“, се закани Кадиров преку видео објавено на Телеграм.

Тој додаде дека веќе неколку пати бил во Украина.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) распиша потерница за Кадиров заради „водење агресивна војна или агресивна воена акција“, за што е предвидена затворска казна од 10 до 15 години.

Кадиров на веб-страницата на украинското министерство е наведен како „лице што се крие од истражните органи“, а објавена е и негова фотографија, пишува руската новинска агенција ТАСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.