Секој кој поттикнува насилство на интернет ќе се соочи со целосната сила на законот, предупреди портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер откако Илон Маск напиша дека „граѓанската војна е неизбежна“ по неколкудневните немири во Велика Британија.
Маск, милијардерот и сопственик на платформата „X“, го напиша овој коментар на својата социјална мрежа под видеото на кое се гледа како бунтовници фрлаат огномет кон полицијата.
Нема никакво оправдување за ваквите коментари. Секој што поттикнува насилство на интернет ќе се соочи со целосната сила на законот. Онлајн платформите имаат одговорност. Значи, ако поттикнувате насилство, не е важно дали е онлајн или офлајн“, изјави портпаролот на британскиот премиер, пренесе „Скај њуз“.
Тој додаде дека британската влада работи со социјалните мрежи за да обезбеди отстранување на дезинформациите.
Министерот за наука, иновации и технологија Питер Кајл изјави дека одговорноста за штетната содржина на социјалните мрежи „лежи во голема мера кај поединците и групите кои ја создаваат“.
Но, неспорно е дека социјалните мрежи обезбедија платформа за оваа омраза“, додаде тој.
Повеќе од 400 луѓе се уапсени од почетокот на немирите минатиот вторник по апсењето на Аксел Рудакубана (17), кој е обвинет за убиство на три девојчиња и десет обиди за убиства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.