Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, порача дека има „супер лошо чувство“ за насоката во која се движи економијата и порача дека размислува да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата за електрични автомобили.

Маск преку меил порача дека треба да има пауза од вработувања ширум светот. Мејлот бил испратен два дена откако најбогатиот човек на светот им рекол на вработените дека мора да се појавуваат на работното место или во спротивно да ја напуштат компанијата.

Според официјалните податоци, компанијата „Тесла“ на крајот на 2021 година вработувала околу 100.000 луѓе.

Секој во „Тесла“ мора да поминува најмалку 40 часа неделно во канцеларија. Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте си дале отказ – напиша Маск во мејлот.

Тоа барање било одбиено од некои вработени во Германија, каде што компанијата има нова фабрика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.