Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, основач на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, а од неодамна сопственик и на „Твитер“ за 44 милијарди долари, се постави себеси за генерален директор на социјалната мрежа. Притоа го распушти Бордот на директори и најави нови промени во комапнијата.
Маск, кој во минатата недела ја презеде контролата врз Твитер, ги отпушти највисоките раководители на компанијата. Меѓу „лицата за отстрел“ се најдоа извршниот директор, Параг Агравал, шефот на финансии Нед Сегал и шефицата за правни работи и политика, Виџаја Гаде, која важеше за главна „цензорка“ и го згасна профилот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
Привремено е распуштен и Управниот одбор на Твитер и се именува себеси за единствен член на одборот, е наведено во документот до американската Комисија за хартии од вредност, пишуваат медиумите во САД.
„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски со Маск, објави дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од вработените во првиот круг на преструктурирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.