Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска на социјалните мрежи демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран на Бали.
Неколку светски агенции, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно објавија дека на Лавров му била укажана лекарска помош поради проблем со срцето.
И Министерството за надворешни работи на Русија демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран.
Захарова напиша дека седи со Лавров и оти не верува во тоа што го чита во медиумите.
Сергеј Викторович и јас ги читаме вестите во Индонезија и не можеме да им веруваме на нашите очи: излегува дека е хоспитализиран. Ова е, се разбира, лага, напиша Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.