Приватниот живот на Силвио Берлускони го одбележаа скандали, судски процеси, мноштво млади љубовници и сопруги, како и „бунга бунга“ забави кои станаа познати ширум светот, а подоцна беа спомнати само во контекст на обвинувањата за малолетничка проституција и злоупотреба.
„Бунга бунга“ е израз од непознато потекло кој потекнува од Австралија на крајот на 19 век, но денес се користи исклучиво за забавите кои ги организирал Берлускони додека бил италијански премиер.
Терминот тогаш често беше цитиран од италијанските и меѓународните медиуми пред истрагата во 2011 година, кога Берлускони беше обвинет за злоупотреба на малолетници. Така, „бунга бунга“ стана термин за оргии во кои учествуваат проститутки и моќни лидери.
Наводно Берлускони изразот „бунга бунга“ го научил од Гадафи, кој еднаш кажал расистичка шега за италијанските политичари во Либија.
Шегата, според книгата My Way на новинарот Алан Фридман, гласела: „Двајца италијански политичари отидоа во Либија како емисари на Берлускони на церемонијата за крунисување на Гадафи за крал. На патот, ги заробиле членови на безмилосно племе, ги врзале за бандера и почнале да играат околу нив и да скандираат ‘бунга, бунга, бунга, бунга…’. По завршувањето на танцот, од нив било побарано да изберат помеѓу бунга бунга и смртта. Првиот избрал бунга бунга и цело село го силувало. Другиот, откако го видел ова, ја избрал смртта. Поглаварот на племето рекол:’Во ред, може смрт. Но, ајде прво малку бунга бунга!“.
Најголемата афера што го дочека Берлускони беше Рубигејт, именувана по мароканската танчерка Карима Ел Махруг, попозната како Руби Рубакуори (Руби, крадецот на срцата). Берлускони е обвинет дека ѝ платил за секс во 2010 година, кога имала 17 години. Таа им кажа на истражителите дека забавите на премиерот, на кои присуствувала, биле како оргии и дека Берлускони и младите девојки голи изведувале ритуал во африкански стил, наречен „бунга бунга“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.