Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија е една од последните колонијални империјални сили по започнувањето на војната во Украина.
„Русија почна офанзива против Украина, тоа е војна за територија за која мислевме дека исчезнала од европското тло. Русија е една од последните колонијални империјални сили бидејќи реши да нападне соседна земја за да ги брани своите интереси таму“, рече францускиот лидер.
Според Макрон, кој е на турнеја низ Африка во исто време со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Русија започнала нов вид хибридна светска војна.
„Таа одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти ставени во служба на континенталната империјалистичка војна против Украина“, рече Макрон.
Според него, Русите се тие кои создаваат нерамнотежа и покрај сите дипломатски турнеи и дезинформации кои ги шират низ светот, а Русија е една од земјите кои најмногу користи пропагандни инструменти, особено преку телевизиите „Раша тудеј“ и „Спутник“.
Тој повторно ја осуди уцената на Москва за храната бидејќи го блокираше житото во Украина, како и енергијата за Европејците.
„Мислам дека е мудро Европејците да не се изложуваат на овие стратегии бидејќи тоа е еден од елементите на оваа хибридна војна“, додаде тој.
Емануел Макрон веќе ја критикуваше Москва еден ден претходно, за време на неговата посета на Камерун. Во исто време, Лавров во Уганда изјави дека Русија не е одговорна за енергетската и прехранбената криза, осудувајќи ја кампањата што се води околу тоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.