Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска на прекин на непријателствата во Појасот Газа од хуманитарни причини.

Францускиот лидер го упати својот апел во Брисел, по завршувањето на средбата на лидерите на земјите од Европската унија.

„Ние целосно го признаваме правото и легитимната волја за борба против тероризмот. Подготвени сме да помогнеме. Сепак, според наше мислење, целосна блокада, неселективно бомбардирање и изгледите за голема копнена операција тешко дека ќе гарантираат соодветна заштита на цивилното население … Прекинот на непријателствата од хуманитарни причини сега е корисен за да може да се заштитат луѓето на теренот кои се под бомбардирање“, истакна францускиот претседател на прес-конференција.

Емануел Макрон, исто така, рече дека неколку европски земји се подготвени да формираат „хуманитарна коалиција“ за помош на цивилите во Појасот Газа и дека во моментов се водат преговори со Кипар и Грција за ова прашање



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.