Терористичкиот напад со бомба во центарот на Истанбул се случи точно седум години по серијата напади на екстремистите на Исламска држава во Париз на 13 ноември 2015 година, кога во париските кафулиња, театарот „Батаклан“ и на Националниот стадион беа убиени 130 луѓе.
На ова потсети францускиот претседател Емануел Макрон, изразувајќи сочувство до турскиот народ и до семејствата на загинатите во нападот во Истанбул.
На таков симболичен ден за нашата нација, кога се присетуваме на жртвите од 13 ноември 2015 година, беше нападнато срцето на турскиот народ, Истанбул. Ја споделуваме вашата болка. Ние сме на ваша страна во борбата против тероризмот, рече Макрон обраќајќи им се на Турците, според агенцијата Анадолу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.