Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека неговата земја ќе работи на нова нацрт-резолуција за прекин на огнот во Газа, откако Русија и Кина ставија вето на американската во Советот за безбедност на Обединетите нации.

По ветото на Русија и Кина пред неколку минути, ќе продолжиме да работиме во Советот за безбедност на ОН врз основа на француската нацрт-резолуција и ќе работиме со нашите американски, европски и арапски партнери за да постигнеме договор“, рече Макрон.

Министерството за надворешни работи на Франција вчера соопшти дека почнало со изработка на нацртите со дипломатите, во случај американската нацрт-резолуциција да не помине.

За американската нацрт-резолуција гласаа 11 членки на Советот за безбедност, а против беа Русија, Кина и Алжир, а Гвајана беше воздржана.

Во американската нацрт-резолуција се наведува дека „императив е итен и траен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа“, без директна врска со ослободувањето на заложниците кои Хамас ги зеде на 7 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.