Eмануел Макрон положи заклетва на церемонија во Елисејската палата и со тоа го започна својот втор претседателски мандат на чело на Франција.

Макрон во вториот круг од изборите освои 58,55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен 41,45 отсто.

Во неговиот инаугуративен говор, по потпишувањето на заклетвата, Макрон вети дека во вториот мандат ќе изгради „планета што е посоодветна за живот“ и „посилна Франција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.