Францускиот претседател Емануел Макрон, во Кишињев изјави дека напорите на Молдавија да се приклучи на Европската Унија се „совршено легитимни“.
Франција ќе помогне да се постигне консензус меѓу членките на ЕУ за барањето на Молдавија да се приклучи кон Унијата на клучниот состанок на Советот следната недела – порача Макрон на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.
Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува со напорите да се приклучи кон ЕУ поради стравот да не биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт, наведуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.