Претседателот на Франција, Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако се покажа дека планира да го блокира назначувањето на Бен Валас за нов генерален секретар на НАТО.

Францускиот претседател наводно има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на Алијансата.

„Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен“, изјави британскиот конзервативен пратеник, Ендрју Бриџен.

Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација.

Валас сега е британски министер за одбрана.

„Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО – покрај Валас се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии, Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.