Францускиот претседател Емануел Макрон денеска испрати писмо до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое му честита за храброста и одговорноста за неговата одлука да се повлече од изборната трка.
Без да го предвиди исходот од ноемвриските избори, Макрон изрази надеж за зачувување на историските односи меѓу двете земји.
Ја ценам храброста, духот на одговорност и чувството за должност што ве доведоа до оваа одлука, вели францускиот претседател во писмото, чии делови објави Елисејската палата.
Бајден (81) вчера се повлече од претседателската трка, под притисок од стравувањата во партијата дека по исклучително лошиот ТВ дуел со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, нема да може да го победи на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.