Францускиот и украинскиот претседател Емануел Макрон и Володимир Зеленски телефонски разговараа за ситуацијата поврзана со нуклеарната централа.
Елисејската палата потврди дека Макрон и Зеленски разговарале телефонски и дека францускиот претседател ја осудил нелегалната анексија на Русија на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.
Макрон истакна дека Франција е решена да и помогне на Украина да ги обнови својот суверенитет и територијален интегритет. Тој, исто така, посочи дека работи со своите европски партнери на нови санкции против Русија.
За време на разговорот двајцата лидери разговарале за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.
Макрон и Зеленски истакнаа дека итно е неопходно да се обезбеди ротација на украинскиот персонал кој ја обезбедува работата и безбедноста на овој објект на краток рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.